Актерот Сашо Тасевски на својот фејсбук профил објави:

Леле лоша глума!

Сите излегоа, Заев, Стево, па тоа потресени, како избегал Мијалков кога полицијата била на ниво на својата задача…

Значи, не сме на жална врба родени. Како тоа бе? Седел у Дистрикт бар, полиција го надледувала, ама здувнал!!!

Како бе?

Ел Чапо подземен ходник му ископа за два саати?

Јас да сакам да киднам со украдени ќебапи, ќе ме фатите на прва раскрсница по дојава или снимка од некое гранапче со видео надзор.

Срамота. Барем смислете појака лага. Изрежирајте пукотници, па кажете дека по крвава и нерамноправна борба ви побегнал.

ЕУ?

А бе вие ни газот на ЕУ нема да го помирисате.

Леле лоша глума!
Сите излегоа, Заев, Стево, па тоа потресени, како избегал Мијалков кога полицијата била на ниво на…

Posted by Sasho Tasevski on Monday, 22 February 2021



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.