Во тек е јавна расправа во Апелација по жалбата на пресудата за поранешниот министер за внатрешни работи Гордана Јанкулоска за „Тенк“. Бранителите на Јанкулоска бараат Апелацискиот суд да ги уважи нивните жалби и предметот „Тенк“ да го вратат на повторно судење.
Направени се премногу битни повреди во оваа постапка. Почнувајќи од тоа како само се донесе Законот за СЈО, без јавни дебати, без фази во кои ќе се вклучи и стручната фела, сега Судот е ставен во ситуација да ги трпи сите тие последици од тој Закон, вели адвокатот Боро Тасевски во својата жалба.
Според него повреден е и членот 415, исто така и одредбата 32 од деловникот според која судијата, советниците и судиите-поротници требаше да бидат изземени од предметот, бидејќи тие судии веќе јавно изјавиле став по предметот „Тенк“.
Исто така прекршен е и Законот за заштита на приватноста.
Новиот Закон веќе бил на сила на 30-ти декември 2015 година, кога политичката партија СДСМ ги предала незаконски прислушувани на СЈО, тврди Тасевски.
Тој смета дека не може да се донесе пресуда која што се заснова само на 8 аудио снимки и никакви други докази. Обвинетата има право на барање за вештачење на автентичноста на материјалите, но и тоа не било овозможено од страна на судот.
Се читаа доказите во судницата и тоа само насловите од документи кои се копии а не оригинали, пишува во жалбата на адвокатот.
Исто така, вештачењето е направено од странска подружница, која што не е регистрирана во Централниот регистар и нејзин управител е Димитар Бузлевски – висок функционер во СДСМ. Вештачењето го извршиле повторно лица блиски до политичкиот опонент на обвинетата Јанкуловска и тоа без лиценца, која им била истечена во времето на вештачењето. А на одбраната не и било овозможено да присуствува на истото, со што се кршат принципите на еднаквост на оружјата и правото на правична одбрана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.