А бе по варосувањето ненамерно ги измешале боите, па така ненамерно измешани се појавиле во спотот на Васе Флексибл.

И никој од галеријата, со месеци не го забележил тоа за да го поправи. Пошо тие во галеријата првпат им е да работат со уметност, башка далтонисти. Важно признавате дека се измешани. Дали намерно или не, да сме држава треба да има истрага да утврди. Пошо со наши пари не заебавате.

Зошто боите на Италија по грешка не ги заменивте или на Унгарија? Баш бугарскава композиција на бои ви се згреши!!!

Еј, не рачунајте дека сме идиоти, оти уште повеќе иритирате со тие ваши лаги. Тоа што сте избугарени до коска и осилени, не ви дава право да мислите дека се може да ви помине – коментира актерот Сашо Тасевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.