А бе не глумете демократија во СДСМ, напиша актерот Сашо Тасевски на својот фејсбик профил.

Тројца кандидати.

Па глумат колку се фини меѓу себе. Па фер плеј, па ќе ја врателе на шини партијата… Значи не е на шини. Од кога бе?

Ама остај тоа…

Што замајувате јавност?

Се знае кој ќе ви биде новиот шеф. Оној анонимниот.

И не зашто така сака Заев, туку зашто така сака оној кој го постави Заев за шеф, па му рече да си оди.

Вие сте партија заложник на странски разузнавачки екипи.

Вие сте глумци кои одиграа мали но значајни улоги во македонската трагедија.

Ги одиграте свесно повеќето од вас.

Некои ги одиграа зашто се глупави и толку разбираа што играат.

Штета што е далеку денот до појавата на некој македонски патриот, доволно луд сурово да ги измете сите странски слуги овде.

Но тој ден сигурно ќе дојде. Кога тогаш.

Во меѓувреме, гледајте бесплатно како бесните балкански кучиња околу нас откинуваат дел по дел од она што некогаш беше Македонија.

Какви лешпери се покажавме.

Од желба да дојдеме што поблиску до голот за да дадеме гол, промашивме зицер пред празен гол, за после да примиме пет.

Така е кога сите на теренот знаат дека мечот е наместен, само навивачите 30 години немаат поим за тоа.

Соседна држава ни назначи барем два премиера до сега. Така се покажа.

Други соседи ни прават коалиции и суфлираат што да бараат нивните играчи кај нас, додека не ни ја киднапираа цела држава пред нос.

А ние будалите глумиме пријателство и божем имаме се под контрола.

Оди обесете се сите на жална врба.

А и ние со вас.

Глупави.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.