„За сите случаи како овој треба да се обрне внимание и да се посочи дека има некакво сомнение, кое што после може да се издигне на повисоко ниво за да се оцени понатаму дали ќе се води постапка“, изјави Слаѓана Тасева од Транспаренси интернешнл во емисијата „Клик плус“, за случајот со поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.
Според неа, добро е што ОЈО решило да отвори постапка по допрен глас за да проценат дали треба да води истрага понатаму.
Софтверот за сообраќајни прекршоци од компанијата Инвока груп чинел 81.000 евра, а Рашковски наводно го набавил без знаење и согласност на Министерството за внатрешни работи.
Рашковски патентирал сличен софтвер за сообраќајни казни пред да го купи од Инвока како генерален секретар на Владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.