Од 2001-та година рангирањата на Република Македонија од страна на Транспаренси секогаш биле околу 60-тото до 70-тото место и уште кога ја пишувавме првата Стратегија за спречување на корупцијата во 2003-та година поставивме дека целта ќе биде подобрување на ранг листата за да одиме над 50-тото место. Но, ете стигнавме на 111 место. Европската комисија и официјално ни напиша во извештај дека сме заробена држава. Тоа значи дека од еден политички центар се контролира се. Индексот тоа и го покажа, дека не се направи реформа во судството, што сите многу ја очекуваа, вели Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернешнл.

Таа во емисијата „Што не е јасно” на Алфа телевизија рече дека не е убаво Владата да се истрчува со изјави и реакции околу извештајот на Траспаренси. Се работи за релевантни резултати.

Врз база на седум истражувања е направена перцепцијата за корупција во државата. Друг пат било врз база на три истражувања, а сега врз седум. Користени се повеќе индикатори и извори за овој индекс. Значи единицата на весникот “Економист”, од кого што потекнуваат економските индикатори. Тој истиот пред три дена објави дека Македонија е хибридна држава. Имаме истражувања од Светскиот економски форум, многу реномирана светска институција. И затоа не можеме да го негираме тој резултат. Ако не се во право, ајде Владата нека ги побие тие институции дека не биле во право. Но, треба да се разговара со аргументи. Потоа ги користиме резултатите од “Фридом хаус”, “Глобал инсајт”, Проектот за демократија, Светскиот индекс за владеењето на правото или правда и така натака, изјави Тасева.

Во сите овие истражувања се спомнува корупцијата, посочи Тасева дека корупцијата е проблем кој што оди низ сите сегменти во општеството.

Затоа во извештајот се вели дека оние држави кои што се на многу високо ниво на перцепцијата за корупција, односно се на првите места и многу полесно се справуваат со проблемот со Ковидот. Во некои на пример како што е Нов Зеланд и нема регистрирано нови случаи на Ковид-19, рече Тасева.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.