По извештајот на Транспаренси Интернешанал каде според Индексот за перцепција на корупцијата Македонија е рангирана на 111. место со 35 бодови, вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата Љупчо Николовски рече дека не значи дека „корупцијата пораснала, туку резултатите се перцепција на граѓаните“.

Претседателката на Транспаренси Интернешанал Македонија, Слаѓана Тасева, пак, вели дека не само по овој извештај од пред неколку дена, туку ниту за останатите извештаи од изминатите четири години, никој од власта не се јавил во македонската канцеларија, за да може да им се објасни не само што значи тој индекс, туку и како да се работи за да се промени.

Не се случило, еве ќе зборувам за последните четири години, кога постојано имаме лоши резултати, цело време имаме 35 индексни поени, со исклучок на 2018 година, кога биле 37, што не е добро, и ниту еднаш, никој од владата не нè повика нас од Транспаренси Интернешнал да објасниме како се формира индексот, како може да се одработи, што е тоа што треба да се подобри за да се подобри состојбата на индексот, никогаш никој. Поподготвени се еве вака да не ги прифаќаат резултатите, откако да се соочат со реалноста и да кажат – добро, што е она што треба да се менува, рече Тасева во „Радио Лидер“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.