Тоа е реалноста, навистина е тоа така. За тоа што по дефиниција корупцијата е врзана за власта, оние кои што се на власт се повеќе во можност да корумпираат и да бидат корумпирани – истакна Слаѓана Тасева од „Транспаренси Интернешнл“ во емисијата „Само Вистина“ говорејќи дека не ја сака многу власта нејзе и не им е омилена.
Тасева додаде дека имале состанок со Љупчо Николовски, со кој говореле за перцепција на корупцијата во Македонија, и што треба да се преземе да се подобри местото во Извештајот на „Транспаренси Интернешнл“.
Состојбата не треба да се гледа со одбивање, туку треба да седнеме и да ги проучиме индексите, она што е користено за создавање на тој композитен индекс, за да можеме да размислиме кој би бил најсоодветниот одговор за да се надмине проблемот со корупцијата – рече Тасева.
Тасева посочи дек сеа не треба да се бега од реалноста, бидејќи е очигледен трендот на постојано одење надолу на индексот за перцепција на корупцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.