Основните елементи на демократијата не постојат, ние се уште не можеме да зборуваме дека имаме владеење на правото бидејќи дефинитивно тоа се уште го нема вели претседателката на Транспаренси Интернешнел – Македонија, Слаѓана Тасева во „Еуро Фокус“ на Телма, коментирајќи го извештајот за Македонија.

Според Тасева иако оваа година Македонија доби попозитивен извештај, тој не е до крај реален и е политички дефиниран.

Оваа година добивме повеќе позитивен, не би рекла розев извештај, но мислам дека не е до крај реален тој извештај и дека состојбата со заробената држава се уште ни е многу актуелна, ние не можеме да кажеме дека исчезна. Таа исчезна од од извештајот, затоа што е и тој е на некој начин политички дефиниран. Ние се уште имаме многу рецидиви на заробена држава и тоа го гледаме во многу сегменти и ден денеска, вели Тасева.

Таа појасни дека тоа може да се види во начинот на функционирање на нашите институции, како ни е поставен системот, дали постои реално поделбата која е во Уставот на законодавна и извршна и судска власт или се уште имаме ситуација каде што извршната власт ги контролира другите другите власти.

Значи не постои оној систем на проверка и контрола, не постои систем на поделба на властите. Се уште зборуваме за проблемите во судството и веќе три и повеќе години не можеме да започнеме со реформите во судството и постојано тоа се одолговлекува, се уште се прави некаква методологија иако пред 4 години знаеме дека најголемиот проблем на ова општество е судството. Ако не постои независна судска власт која што ќе раздава право и правда за сите граѓани подеднакво безразлика дали граѓаните се дел од некаква мрежа или група иили имаат поддршка од некој центар на влијание, подеднакво да биде достапна правдата за секого. Тоа денеска се уште не постои. Тој е столбот кој може и треба да ги контролира сите други власти, потенцира Тасева.

Таа нагласи дека покрај правдата дури и Собранието не се покажа како институција која ги контролира тие кои ги назначува од независни институции до владата која на некој начин е назначена од него.

Собранието не се покажа и не се профилира како институција која што ги контролира оние кои ги назначува, почнувајќи од независните институции и тела се до владата, затоа што и владата се назначува и бира од страна на Собранието. Тие основни елементи на демократијата не постојат и се уште не можеме да зборуваме дека имаме владеење на правото. Дефинитивно тоа се уште го нема, нагласи Тасева.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.