Слаѓана Тасева од „Транспаренси Интернешнл“ во гостувањето во Студио 10 на ТВ 24 говореше за криминалитетот во Македонија. Таа не е задоволна да живее во криминална држава.
Докторирав на тема перење на пари, постојано се залагам да се воспостави систем за борба против перење на пари. Имаме ли ние пари во државата што се под перници, не видовме добра анализа. Во 2003 година се донесе Законот за спречување перење пари, тогаш имаше недоверба во банкарскиот систем, тогаш беше аферата ТАТ. Главната поента е сега – од каде ова (легализација на капиталот), од каде сега има „пари под перница“. Некој нега излезе и нека објасни за процесот. Спорам со нефункционалната држава, како може да имаме толку дела од висока корупција, не сум задоволна да живеам во криминална држава. Криминалците се посилни од сè во оваа држава, вели Тасева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.