Паѓа во вода изјавата на вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски дека не се зголемила корупцијата туку перцепцијата на граѓаните, зашто граѓаните никој не ги праѓал што мислат и нивното мислење не влијаело на извештајот на Транспаренси интернешенел.
Ова денеска и лично го потврди претседателката на македонската канцеларија на Транспаренси, Слаѓана Тасева.
Граѓаните во овие истражувања не се прашувани. За да биде релевантен заклучокот, потребно е да се направат 13 истражувања, од кои најмалку 3 да се правени во последните две години (2019 и 2020, н.з.). Во случајов, седум се направени во последните две години. Дури ни аргументите дека ова се состојби од порано, не се издржани, затоа што зборуваме за резултати од 2019 и 2020 година. Затоа прикажуваме какви се движењата на тие истражувања во секоја година поодделно, за да се види како се движиме во секој од параметрите, објаснува Тасева.
Во најголем дел од случаите, економските движења коишто се земани предвид, вели Тасева, се истражувани со анкети на лица и компании кои не мора да работат во Македонија, ама имаат контакт со Македонија, и со законите во Македонија и со властите.
Значи, се работи за истражување кое не е перцепција од граѓаните, туку се анализираат податоци од статистика, се анализираат случаи, се прават анкети со луѓе кои имаат контакт директно со државата која е опфатена со индекстот за перцепција на корпупцијата, вели Тасева.
Таа додава дека овој индекс се вика индекс на перцепција затоа што го спроведуваат други институции, а не самиот Транспаренси.
Но, тие тоа не го спровеле со длабинска анализа на случаи, туку со мислење на бизнис луѓе кои имаат контакт со Македонија да кажат колку лесно се води бизнис во Македонија. И дали и како се загрозуваат човековите права, во смисла на пристап на информации, колкав е пристапот на праавдата во македонија, колку може да се смета на тоа дека договорот склучен во македонија меѓу две компании ќе го гарантира бизнисот во Македонија. Ова не е случај со нашето судство. Ние гледаме дека најлошиот резултат кој не држи со 35 поени е резултатто што го имаме на Светска правда и владеење на правото каде што бележиме намалување за 2 индексни поени. Тоа на некој начин го минимизира и тоа каде што некаде сме забележале минимално напредување, објасни таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.