Од 25,18% обработени гласови во Гостивар, актуелниот градоначалник Арбен Таравари е во предност од 1500 гласови пред кандидатот на ДУИ, Невзат Бејта.

По сите изгледи ние победуваме и сме апсолутни фаворити, изјави кандидатот за градоначалник на Општина Гостивар од коалицијата Алијанса за Албанците-Алтернатива, Арбен Таравари.

-Се надевам и очекувам денешниот ден да помине во фер и демократска атмосфера, без притисоци. Навечер очекувам да победи подобриот, оној со поголем квантум на гласови. По сите изгледи ние победуваме и сме апсолутни фаворити. Тоа се виде и во првиот круг, само денес тоа треба да се потврди уште еднаш, изјави Таравари.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.