Во СДСМ има криза и незадоволство и самата оваа партија ќе бара предвремени парламентарни избори, истакна секретарот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, во емисијата „Ентер“ на телевизија Шења, според кого мнозинството во моментов има криза што создава целосна дисфункција во Собранието.
Постои целосна дисфункција кај мнозинството. Ние како опозиција неколку пати им помогнавме за некои важни прашања во Собранието. Тие имаат 62, ние имаме 58 и тие многу тешко функционираат. Едноставно, Заев, ситуацијата со Владата ја има потешка сега отколку пред изборите. Тој се надеваше дека ќе има 61, 62 пратеници, потоа се надеваше дека ќе купи 4-5 пратеници, потоа мислеше дека ќе расцепка некоја опозициска партија од коалицијата на ВМРО, па и од нашата со Алтернативата. Се обиде да направи се но ништо од тоа не му успеа, и ви гарантирам дека нема да му успее. И тој ќе биде во ситуација, ако оди на редовни избори, да освои 20-30 пратеници. Запамтете, тој ќе биде главниот иницијатор кој ќе побара, предвремените парламентарни избори да се одржат заедно со локалните во 2021 година – рече Таравари.
Тој вели дека тие, како опозиција се подготвени и бараат предвремени парламентарни избори, бидејќи вака тешко функционира државата.
Тој рече дека ијзавите кои доаѓаа од страна на владата за обезбедување на некои пратеници од опозицијата, без разлика дали се Албанци или Македонци, беа шпекулации кои произлегоа од власта. Таравари вели дека има околу 10 пратеници од СДСМ кои покажуваат незадоволство од нивната партија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.