Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари во изјава за „Утрински брифинг“ истакна дека проблемот со ширењето на корона вирусот во земјава е сериозен.

Тој додаде дека надлежните институции треба заеднички да најдат конструктивно решение.

Ние сме веќе во втор бран. Ако ги анализирате бројките сите држави во регионот заедно имаат помал број на инфицирани отколку кај нас. Исто е и со морталитетот. Состојбата е многу загрижувачка и многу сериозно треба да му се пријде на проблемот и да се остават сите партиски обојувања. Во Владата имаме комплетен раздор, како да не е Влада, министерствата како да се како канцеларии на одредени политички партии. И ова e жалосно – вели Таравари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.