Ние од синоќа имаме ново мнозинство за недоверба на оваа Влада, но практично овие денови преговараме со уште неколку пратеници и се надевам дека ова мнозинство за неколку дена ќе прерасне во бројката 64-65, најави генералниот секретар на Алијанса за Албанците и градоначалник на Гостивар Арбен Таравари.

-Има интерес од повеќе пратенци коишто се членови на СДСМ, што се незадоволни од криминалното владеење на СДСМ и ДУИ. Имаме и други пратеници коишто се дел од мнозинството и мислам дека треба да се случи промената и државата да почне да чекори кон прав пат, да се декриминализира – истакна Таравари на Канал 77.

Тој додаде дека траењето на оваа Влада би била околу година и пол, со цел прво да се расчистат и декриминализираат институциите од ДУИ, па дури потоа, според него, може да се организираат фер и демократски избори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.