Ова мнозинство е дисфункционално. Откако постои оваа Влада, во Собранието имало кворум може десетина или дваесетина седници. Се собираат и набрзина ги гласаат сите закони. Фактички не функционираат. Велат имаме уште двајца, уште тројца уште пет души, меѓутоа времето покажа дека ова мнозинство нема плус ниту еден пратеник. Туку има тенденции кои што ги гледаме и тие се политички сигнали. Се двојат ЛДП, па БЕСА, па Турската партија, па не знам која друга партија. Тоа се политички сигнали што јавноста треба да ги увиди, истакна Генералниот секретар на Алијанса за Албанците Арбер Таравари во дневникот на Сител телевизија.
Тој соопшти дека има и сигурни информации од тие политички партии дека имаат огромни незадоволства, бидејќи им е ветено многу, а немаат добиено ниту четвртина од Премиерот.
Еве гледате излага внукот на Али Ахмети и се кандидира за градоначалник и отворено кажува дека во ДУИ има криминали. Постои незадоволство и кај самите пратеници во ДУИ и тоа се сигнали дека мнозинството нема да има повеќе пратеници, туку има тенденции на опаѓање на бројот, посочи Таравари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.