Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари во своето гостување во Топ Тема на Телма телевизија критиуваше дека бројката на тестирани во Гостивар требаше да биде дупло поголема, како и тоа дека скандалозно се касни со резултатите од тестирањата.

-Иако бројот е мал на тестирани граѓани, бројката требаше да биде барем 1000 тестирани со брзи тестови, вели Таравари.

По неговите информации коишто ги добил до Институтот за Јавно здравје во Гостивар тестираните од 5-ти, 6-ти, 7-ми април сеуште не маат добиено резултати од тестирањата, некои од нив имаат добиено, но не сите.

-Скандалозно доцна се добиваат резултатите од тестирањата на граѓаните за Ковид 19, критикуваше Таравари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.