Власта нема 61 пратеник, тврди градоначалникот на Гостивар и генерален секретар на Алијансата за Албанците Арбен Таравари. Во интервју за Сител, Таравари рече дека групата на Алијанса е компактна иако е јавна тајна дека власта се шета наоколу со куферчиња пари кои им ги нуди на пратениците.
Им дава сума пари за да преминат кај нив, но нашата група е компактна. Нашите пратеници знаат дека нашата цел е подобро утре за сите, а не да се биде дел од корумпирана влада, рече Таравари и потврди дека лично Заев ѝ нудел пари на пратеничка на Алијанса, но таа ги одбила.
На наша пратеничка ѝ нудел пари лично тој, но таа веднаш ги одбила, не сакала ниту да зборува со него за тоа. Ѝсе јавувале и другари на премиерот и други луѓе, но одбила, рече Таравари без да открие за колкава сума пари се работи.
Тој рече дека случајот не е пријавен, затоа што во државата никој не верува во системот.
Во ненормална држава вакв работи се сттандардни, рече Таравари, зборувајќи за исчезнувањето на Кастриот Реџепи.
Знаете само кој беше спокоен, премиерот, министерот за внатрешни и ДУИ. Зашто ете така, нормално е еден ден еден пратеник да исчезне. Ова е циркуз држава, рече Таравари.
За оваа влада криминалните афери се знаат и без да постојат прислушкувани разговори. Не ви требаат разговори, тоа се гледа на сите страни. Не се знае каде однесе Боки 13 милион и пол евра. Во Мавровка се радеше објект, не се знаеше кој е сопственикот, па два месеци се бараше кој треба да го урне тој објект за на крај Али Ахмети да отиде таму и да испие кафе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.