Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, при гостување во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија „Алфа“ истакна дека СДСМ и ДУИ имаат договор за формирање на Влада, иако во овој период, како што вели тој, „глумат“ преговори.

Таравари вели дека двете партии, заедно со пратеникот на ДПА ќе имаат нестабилна Влада со поддршка од 62 пратеници. Истовремено, Таравари вели дека со ДУИ нема да може да се спроведат бараните реформи.

Не верувам дека СДСМ има поддршка од некој пратеник од ВМРО или од друга партија, така што владата ќе има нестабилно мнозинство. Ние нема што да бараме во таква влада, со ДУИ само ќе се компромитираме. Со нив скептик сум дека можни се реформи, како со криминалци да се бориш против криминалот. ДУИ е огромно зло за Македонија, карцином метастазиран низ целиот систем. Се додека е ДУИ на власт нема да можат да се спроведат реформи – истакна Таравари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.