Новоизбраниот градоначалник на Општина Гостивар, Арбен Таравари, при гостување во дебатниот магазин „Клик плус“, упати сериозни обвинувања кон реисот на ИВЗ, Шакир Фетаху.
Таравари обвини дека реисот работел за ДУИ и барал гласови за нив.
Ја злоупотреби својата позиција како реис и во име на Господ барал да се гласа за ДУИ. Најмногу тој требаше да остане неутрален. Тој се „топи“ кога ќе го види Ахмети. Сите на куп ги победивме во Гостивар – изјави Таравари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.