Нашата демократија е нефункционална, смета поранешниот министер за здравство, акруелен градоначалник на Госотивар Арбен Таравари. Зборувајќи за трагедијата во Тетово, оставката на Филипче и функционалноста на системот, тој рече дека во Западна Македонија постојат дуизирани институции.

Полициска станица во Гостивар или Тетово, тоа ви е како да одите во Мала Речица, во седиштето на ДУИ. Исто е и во повеќето институции со кои раководи ДУИ. Во Тетово се случи свадба, на која поранашен пратеник на ДУИ повреди човек пукајќи со пиштол. И кај е тој човек? Си тера бизнис во Тетово како да не се случило ништо. А вакви приказни како оваа со овој каубој од ДУИ има многу, рече Таравари во гостувањето во Дневникот на Сител.

Тој потсети дека досега нема казнето функционер на ДУИ кој бил казнет за нешто.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.