Генералниот сектерар на Алијанса за Албанците Арбен Таравари, кој е градоначалник на Гостивар, по третото продолжение на снимките за аферата „Рекет“ порача дека потребни се предвремени парламентарни избори.

Оваа Влада веќе нема никаков кредибилитет, барем на крај да направат еден рационален потег, што побргу да назначат експертска (техничка) влада и да организираат предвремени парламентарни избори. Со оваа Влада, не верувам дека ќе има датум за почеток на преговори со ЕУ“, напиша Таравари на фејсбук.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.