Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, изјави дека во општината не се потребни карантин и дополнителни ограничувања и покрај големиот број заразени.

Лекарите на инфективното одделение во оваа општина побараа зголемување на мерките, но шефот на кризниот штаб Арбен Таравари смета дека пикот на влошување на состојбата е веќе надминат и оти бројките ќе почнат да опаѓаат.

И во Тетово и во Гостивар факт е дека овој период бројките беа малку повисоки, но тоа не значи дека бројот ќе продолжи да расте. Сигурно ќе бидат распределени и во други региони. Но, и општинската администрација воопшто нема надлежности во здравствените институции. Тоа го одлучи Комисијата за заразни болести и доколку има потреба од карантин или друго, тоа треба да го кажат здравствени установи во Гостивар – изјави Таравари.

Тој вели дека општината обезбедила простор за гостиварскиот Здравствен дом да се претвори во пункт за вакцинација, но досега немало потреба од тоа.

Ние, како општина, му ги понудивме на Здравствениот дом, но и на општата болница, сите капацитети што ги имаме како општина Гостивар, како што се спортски сали, училишта, но и други објекти, особено здравствениот дом, за отворање дополнителни пунктови за вакцинација со цел да се намали гужвата што ja гледаме пред здравствениот дом, но доколку тие сметаат дека е потребно – вели Таравари.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.