Јас мислам дека фасадата на оваа коалиција не е пластелин, јас би рекол повеќе фасадата евроинтеграции, меѓутоа ова е пазарџиска коалиција за жал. Кога седнуваат повеќе партии два, три, пет часа не збореле ништо за евроинтеграции, за развој на државата, за енергетската криза, за инфлацијата што не чека, туку кој што ќе земе, не може друго да се нарече освен пазарџиска коалиција – рече Арбен Таравари, градоначалник на општина Гостивар во гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Таравари жали зошто оваа пазарџиска коалиција само се занимава со тоа кој каков ресор ќе земе, наместо да се занимава со реалните проблеми со кои што се соочува државата.

Тие воопшто немаат кадри за одредени министерства, одредени позиции – нагласи Таравари.

Таравари посочи дека оваа коалиција се пазари ова министерство е поголемо, а ова е помало, нив не ги интересира како живеат граѓаните.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.