Поранешниот министер за здравство и актиелен градоначалник на Гостивар Арбен Таравари политички ги посочи Сашо Мијалков, Никола Тодоров и Крсто Мукоски како организатори на крвавиот „27 април“.

В гостување на ТВ 24 Таравари рече дека Алијанса и Алтернатива ќе коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ бидејќи организаторите на настаните од 27 април се луѓе кои веќе не се членови на најголемата опозициска партија.

Тој директно ги посочи поранешниот министер за здравство Никола Тодоров, шефот на УБК Сашо Мијалков и експратеникот Крсто Мукоски како организатори на настаните од 27 април, кои денес се во блиски релации со премиерот Зоран Заев и СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.