Арбен Таравари, во вчерашното гостување во емисијата „Прашањето ми е следно“ на порталот „Инфомакс”, зборуваше за можна коалиција на Алијансата на Албанците со ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори во Македонија. Тој потенцираше дека е логично да дојде до таква коалиција, и дека сериозно се размислува за тоа.

Знаејќи СДСМ и ДУИ како ќе функционираат, како функционираа 2017, тогаш изгубивме ние, три општини зедовме, и ВМРО изгуби многу и тие три-четири општини земаа, не повеќе, сега треба евентуално, меѓутоа ќе биде тоа транспарентно, ако го направиме. Ете од сега јавно го кажувам, ако одлучиме да соработуваме, ќе седнеме и ќе кажеме пред граѓаните ние сме договорени, Алијанса, Алтернатива и ВМРО, и вака ќе излеземе на избори – рече Таравари.

Таравари посочи дека овие избори не исклучуваат коалицирање со некоја турска партија, со некоја ромска партија, со некоја македонска партија, и дека според анализите, очекува да се воспостави соработка.

Од 80 општини, ја ви гарантирам дека над 50 општини би ги земале овие три партии ако одат заедно, според анализите што ги правиме – изјави Таравари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.