Арбен Таравари од Алијансата за Албанците на дебатата на телевизија 24 кажа дека СДСМ во текот на своето владеење работела само за Преспанскиот договор.
За Преспанскиот договор работевте, ама требаше да се тераат и други работи. Кажете ми една изградена болница, кажете ми една инвестиција во едно училиште има само една во Скопје, јас барав, не дозволи министерството и најдовме од донации, рече Таравари.
Според него, нема ниту една инвестиција во опозициска општина.
Во Гостивар не доаѓа никој од Владата. На општината каде сум градоначалник на пример, Гостивар, на владата и текнуваше само кога земаше ингеренции, посочи Таравари.
Говорејќи за претстојните избори и евентуални коалиции, Таравари рече: „Ние не избираме коалициски партнер кој ќе победи со тој ќе разговараме, се разбира треба да се погодиме и по програма“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.