Генералниот секретар на Алијанса на Албанците и градоначалник на општина Гостивар, Арбен Таравари смета дека не е проблем да се оди на избори и за 10 дена, но, поради корона вирусот, смета дека избори и кампања треба да има во периодот кога има највисоки температури, односно на крајот на јули или на почеток на август.
Ако се организира кампања, тоа значи отворање на ново жариште и нов бран кој ќе биде полош – изјави Таравари.
Според него, тестирањето кај пациентите за присуство на корона вирусот е мало и мисли дека е тоа намерно зашто, како што посочи, некако се брза да се оди на избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.