Кандидатот за градоначалник на Гостивар од Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, најавува формирање ново парламентарно мнозинство, чиј приоритет во работата ќе биде економски развој на државата.

Таравари најавува воведување процедури и проекти за помош за формирање земјоделски компании, кои ќе можат да добијат под концесија државно земјиште за работа.

Како што истакнува Таравари, новото владино мнозинство ќе даде идеи за тоа како луѓето од Македонија да создадат добар живот овде, а не да заминуваат од државата, како што беше досега.

Сега се гледа дека сме на работ на новото владино мнозинство, на кое што речиси апсолутен приоритет ќе му биде економскиот развој со помош на многу внатрешни и надворешни експерти и со исполнување на бесплатните фондови дадени од ЕУ, коишто тие не знаеја ни како да ги искористат.

 

Ќе ги либерализираме и поедноставиме процедурите за формирање и почнување со работа на земјоделски компании. Ќе го поедноставиме обезбедувањето на државно земјиште под концесија за индустриски области и фарми. Ќе дадеме идеи за тоа како може да се дизајнира добар живот и овде.

 

Ќе се потрудиме да ги повикаме нашите сонародници кои работат надвор од земјата и кои неморалната политика ги избрка од нивното огниште, да се вратат во родниот град и да инвестираат и да работат. По долги години во кои погрешно им верувавме на оние кои беа фокусирани само на збогатување. Имавме празни училишта, села и градови. Потребно ни е враќање на верата и враќање на нашите најблиски кои секојдневно губат сè повеќе. Тие заминуваат во време кога секаде во светот изгледа подобро отколку во нивната земја.

 

Ние со сите сили ќе го направиме спротивното. Ќе посведочиме дека и овде ќе има надеж. Господ да ни помогне на овој пат! – порача Таравари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.