Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, на ТВ 21 изјави дека можна е коалиција со сите партии на локалните избори освен со ДУИ.
Нема теорија да ја раскинеме коалицијата со Алтернатива. Гледаме опции и за други коалиции. Можно е да има коалиција со сите партии, со СДСМ, со ВМРО-ДПМНЕ, само со ДУИ не. Сметам дека нашата коалиција со Алтернатива е силна. За локалните избори ќе ги прегледаме сите опции, но дефинитивно со ДУИ нема коалиција – дециден е Таравари.
Тој порача дека наведувањето на етничка припадност во личните карти има целосна поддршка од неговата партија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.