Во вечерашната емисија „Патот кон …“ на „Алсат“ се соочија заменик министерот за здравство Илир Хасани и поранешниот министер за здравство Арбен Таравари, кој обвини дека Македонија преку системот „Ковакс“ не нарачала 800.000 вакцини, како што тврди власта туку околу 103.200.

На ова реагираше Хасани, кој рече дека може да потврди дека навистина се нарачани околу 800.000 вакцини, според информациите што ги има.

Тука не може да има никакви манипулации и шпекулации. Но, 20 проценти пристигнуваат во првиот квартал … Дозволете ми да објаснам дека се нарачани 800.000 вакцини, но 800.000 вакцини никогаш не пристигнуваат одеднаш, бидејќи има динамика на дистрибуција. Има околу 20.000 до 40.000 што треба да го достигнат првиот квартал, што паѓа некаде во март, рече Хасани.

Таравари возврати со аргумент дека динамиката предвидена преку системот „Ковакс“ значи дека Македонија ќе го заврши процесот на вакцинација до крајот на 2022 година.

Многу е едноставно, само отворете го системот„Ковакс“ на Интернет и ќе видите колку вакцини се резервирани за Македонија во 2021 година, резервирани се 103.300 вакцини. Сега не знам каде е лагата. Сега дистрибуцијата како што е, 15 проценти од овие 103.200 вакцини пристигнуваат во првиот квартал, 56 проценти пристигнуваат во вториот квартал од 2021 година, а другите 29 проценти пристигнуваат во втората половина на 2021 година. Според анализата на лондонскиот весник „Економист“, можам да го обезбедам тоа за вас и веднаш да го отворам тука, Македонија мора да ја заврши вакцинацијата на крајот на 2022 година, рече Таравари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.