Aко ги земете соседните држави, да не се споредуваме со Швајцарија и ако го гледате индексот на морталитет на 100 илјади граѓани, само Македонија е пред заедно да ги ставиме Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Косово и Грција. Сите овие 5 држави имаат помал морталитет отколку само Македонија, вели градоначалникот и доктор Арбен Таравари ексклузивно во интервју за Инфомакс.
Тој испрати жестоки критики на адреса на Владата на СДСМ за справувањето со кризата, односно пандемијата со коронавирусот напоменувајќи дека само денес во нашата држава има 175 нови случаи на коронавирусот имајќи во предвид дека на целиот Балкан вкупно државите немаат олкава бројка. Според него критиките се заслужени бидејќи тоа не го вели тој туку меѓународни релевантни институции кои вршат анализи како државите поединечно се справуваат со кризата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.