Изборот на кандидати за локалните избори во октомври во коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе започне на 15 јуни, додека на 15 август ќе бидат објавени кандидатите за сите општини каде ќе се натпреварува оваа коалиција.

Генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, на прес-конференцијата објави дека ќе се обидат да соработуваат со која било партија, вклучително и со ВМРО-ДПМНЕ, со СДСМ и со ромски или со турски партии.

Алијансата за Албанците заедно со Алтернативата ќе има соработка со повеќе партии. И македонски и албански, турски, ромски. Со сите партии кои имаат кредибилитет во општините каде што се натпреваруваме, рече Таравари.

Од Алијанса за Aлбанците велат дека се уште немаат став по однос на резолуцијата на ВМРО ДПМНЕ. Најавија дека во следниет неколку дена ќе ја донесат конечната одлука.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.