Опозициските партии во Македонија велат дека доцнењето во процесот на снабдување со вакцини ја покажува неспособноста на владините преставници.

Сметам дека ние како држава заглавивме во договорите направени со компаниите што произведуваат вакцини, а исто така и во врска со програмата COVAX – вели за Радио Слободна Европа, Арбен Таравари од опозициската коалиција, Алијанса за Албанците – Алтернатива.

Таравари, кој претходно беше на чело на Министерството за здравство, е скептичен дека Македонија може да започне масовна кампања за вакцинација пред мај или јуни.

Не е лошо граѓаните да имаат повеќе опции, да ги имаат кинеските вакцини тука, но и вакцините на другите две компании, а потоа оставете ги луѓето да го изберат она што мислат дека е најдобро – нагласува Таравари.

Андон Чибишев, кој е член на собраниската Комисија за здравство, исто така ја обвинува владата за неспособност поради доцнењето во обезбедувањето на вакцината.

Еднаш не уверуваа дека сè е во ред, дека нашите власти постигнаа договор да обезбедат 500 илјади или 800 илјади дози преку системот COVAX и тогаш се покажа дека овој систем не работи и дека нема да добиеме вакцини. Слушнавме дури и изговори од претседателот на државата и министерот за здравство дека сме многу мал пазар, затоа сме игнорирани  – рече Чибишев, кој доаѓа од редовите на македонската опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.