Градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари од Советот на Општината ќе бара да се изгласа одлука за продолжено работно време за угостителите. Според него тоа треба да ја закрепне локалната економија и туристичко-угостителскиот сектор.

Во периодот кога во нашата општина има зголемен прилив на иселеници и се очекува и зголемен обем на работа во угостителските објекти. Предлогот е да се продолжи работното време за два часа, во деновите кога има манифестации или културно-забавни програми. Со измената предвидено е во деновите од викенд наместо до 1 часот по полноќ, кафетериите, рестораните и другите угостителски објекти да работат до 3 часот , односно наместо до полноќ да бидат отворени за гости до два часот, вели Таравари.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.