Оставка од владата денеска побара градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари. Тој упати порака преку социјалните мрежи повикувајќи Владата да си поднесе оставка по вчерашниот пожар во модуларната болница во Тетово.

Според последните официјални информации во пожарот во модуларната ковид болница животот го загубија 14 лица. Обвинителството информира дека се работи на идентификација на починатите, но се истражува и дали има и други починати лица. Увидот подолжува и денеска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.