Таравари вовечерашното гостување во„Топ тема“ откри дека четири лица од ДУИ му упаднале во домот и му се заканувале, за што го известил и министерот за внатрешни работи од СДСМ Оливер Спасовски, но добил одговор да пријави во гостиварската полиција.
Вие во моментот нема каде да пријавите ако ви се случи нешто. Еве јас сум имал закани по живот, дојдоа четири бандити на ДУИ во куќа кај мене, фатени под камера, нема каде да ги пријавиш. Ако ги пријавиш во Гостивар, тоа е како да ги пријавиш во Мала Речица. Јас лично пријавив кај министерот и знаете што ми кажа, пријавете во полициска станица. Ако доаѓаат во куќа кај градоначалник пред три месеци, замислете што можат да направат на обичен граѓанин. Да имаше фер и демократски избори во Гостивар разликата ќе беше 10.000 гласови, изјави Таравари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.