Градоначалникот на општина Гостивар и генерален секретар на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари, вечерва во гостување на ТВ Сител зборуваше за потегот на Алтернатива да влезе во Владата на СДСМ и ДУИ. Договорот меѓу Алијансата за Албанците и Алтернатива, склучен пред околу година и половина предвидувал да излезат пред албанските гласачи обединети под програмата „Држава за сите“.
Нашата програма беше гласајте не зашто ние сме против ДУИ. Граѓаните гласаа против ДУИ. Во тој договор меѓу нас и Алтернатива стои дека договорот наш важи следните четири години. Генерално, кај луѓе што вредат, зборот значи многу Кога ќе дадете збор, дури не треба ни да се потпишете, но ете има и потпишан договор, во којшто сме се договориле во следните четири години да ја биеме битката заедно и да смениме една криминална власт како што е ДУИ.
Според него, Албанците 20 години страдаат од ДУИ.
И ние сме за евроинтеграции на државата. Сите такви закони сме ги поддржале. Без Алтернатива, оваа влада немаше да опстои ниту еден месец, истакнува Таравари и додава дека „Димитар Ковачевски за него бил анонимус и морал да го побара на Гугл“.
Не ни требаат кукли-водачи. Според наши информации, кон средината на јануари Заев ќе се повлече како премиер на државата. Ако Заев не е премиер, ДУИ ќе ги патосира. Тие се фантастични во тоа. Ќе постават нови услови, штом биде поставен нов претседател на владата, смета градоначалникот на Гостивар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.