Косово подобро се справува со короната од Македонија покажуваат официјалните бројки.Во Косово во последните 24 часа починаа тројца заразени од Ковид-19, така што билансот на жртви на епидемијата сега изнесува 630. Вчера се регистрирани и 53 новозаразени, со што бројката на лица кај кои е откриен коронавирусот од почетокот на епидемијата сега изнесува 15.758. Од нив, вклучително вчерашните 56 излекувани, болеста досега ја совладале 13.787 лица. Активни носители на вирусот моментно во Косово се 1.341 лице. Вчера се извршени 544, а од почетокот на пандемијата 69.652 тестирања со методот РТ-ПЦР.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа во Македонија се направени 1831 тестирања, а регистрирани се 243 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-98, Куманово-11, Штип-7, Прилеп-12, Тетово-2, Струга-9, Велес-3, Битола-5, Охрид-5, Кавадарци-4, Гостивар-5, Гевгелија-5, Струмица-21, Крива Паланка-2, Радовиш-9, Кочани-11, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Берово-9, Валандово-4, Виница-2, Делчево-2, Свети Николе-12, Кичево-1,Неготино-2.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.