Талат е одговорен да спроведе хармонија во Собранието, и Собарнието да биде функционално. Ако не знае нека си даде оставка и нека замине, има кој знае, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното „Само интервју“ на телевизија Канал 5 додавајќи дека однесувањето на Талат Џафери не му прилечи како претседател на Собрание.

На лидерската се договоривме дека сите закони кои што се однесуваат на реформскиот процес, се однесуваат на поддршка на стопанството, граѓаните, борба против пандемијата, сите закони, претходно ќе бидат на маса на преговарачки тимови помеѓу опозицијата и власта. Не само ВМРО-ДПМНЕ како опозиција, и коалиција на Алтернатива и Алијанса, и Левица итн. Кога они ќе имаат убедлива победа на избори и ќе имаат 80-90 пратеника поддршка тогаш можат вака да се однесуваат. Со 60 – 62 ќе седат и ќе разговараат со опозицијата и тоа е улогата и на Талат Џафери, ако не ја знае. Таа му е улогата. Да, тешко е, но за тоа имаш привилегија да те возат од одма секое утро и да те собираат од одма и да те развозуваат со ротациони возила, истакна Мицкоски.

Мицкоски посочи дека Талат неместо да вика по пратениците во Парламентот и фрустрациите да покажува, треба да најде решение.

Никој не му се плаши. Ако мисли дека некој му се плаши, никој не му се плаши. Со дерење таму никој не му се плаши и треба да знае.Пратениците не само на ВМРО-ДПМНЕ, туку и на целата опозиција беа во салата и чекаа на дневен ред да биде 36 седница и да гласаат за сетот законони од петтиот пакет мерки. Талат Џафери треба да најде начин со сите пратенички групи да воспостави хармонија за да се реашватаат работите, а не вака, рече Мицкоски.

Според него претседателот на Собранието Џафери, може дома да се однесува така своеволно, ама како претседател на Собрание треба да им служи на граѓаните.

Работава не е игра, луѓето немаат плата земено, затоа требаше Џафери да го постави на дневен ред потребното, а не да игра политиканство. Закони кои сакаат да ги поминат на насилен начин, закони во кои не се прифаќа ниту еден амандман. Или договореното на координациите не коресподнира со тоа што се случува потоа, рече Мицкоски.

Тој укажа дека ако ВМРО-ДПМНЕ не сакаше да поминат законите, немаше првиот човек да надлежната комисија пратеникот Тимчо Муцунски веднаш да најде начин да поминат законите на комисја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.