Претседателот на Собранието Талат Џафери на сите верници кои денеска го слават големиот празник Фитер Бајрам што е круна на светиот месец Рамазан, им упати искрени честитки за добро здравје, бериќет и мир во душите и домовите.

Се надевам дека овој Бајрам кој што како и претходно месецот на пост и солидарност го прославуваме на невообичаен начин, далеку од верските храмови, сепак блиску до нашите најдраги и најблиски членови на семејството, ќе ни донесе искрени и убави мисли упатени до целото човештво за што побрзо и побезболно пребродување на овој предизвик кој што како што реков и во претходната Рамазанска честитка, не бира ниту вера, ниту нација, ниту богати или сиромашни, мажи или жени. Нека даровите на Рамазан Бајрам, солидарноста, взаемната почит и разбирање, милоста и опростувањето бидат дарови кои ќе го збогатуваат нашето секојдневие, вели во честитката Џафери.

Тој порачува да се има верба и трпение, и да се остане дома со своите блиски.

Верата се носи во срцето а домот е вашиот храм, нека е честит Фитер Бајрам!, стои во честитката од Џафери.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.