Претседателот на Собранието на Република Македонија – Талат Џафери, денеска во лично и во име на пратениците упати честитка по повод утрешниот празник Успение на Пресвета Богородица.

Дозволете ми, од свое лично име и од името на пратениците во Собранието на Република Македонија, Вам лично, на членовите на Светиот Архиерејски Синод, на монаштвото и свештенството, на сите православни верници на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија во Република Македонија, да Ви го честитам големиот христијански празник, Успение на Пресвета Богородица. Искрено посакувам преку ликот на Пресветата
Богородица да бидат препознаени и отелотворени во животите на сите нас, вредностите кои нејзиниот лик ги претставува, големата љубов, добрината, грижливоста. Сите заедно да ги празнуваме и почитуваме верските празници и преку нив да учиме важни животни лекции и
мудрости, вели Џафери во честитката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.