Талат Џафери, претседателот на Собранието, денеска е примен на Инфективната клиника при Универзитетскиот клинички центар во Скопје „Мајка Тереза“, има пневмонија, но е негативен на ковид-19, јавува „360 степени“.

И од неофицијални извори, „360 степени“ дознава дека Талат Џафери бил негативен на тестот за Ковид-19, но дека повеќе симптоми укажувале на присуство на вирусот. Тој e во стабилна состојба, но има пневмонија.

Талат Џафери на 21 јули (во вторникот) за „Плусинфо“ изјави дека се тестирал за Ковид-19 и дека тестот му е негативен. Најави дека ако треба ќе направи уште еден тест, пред одржувањето на конститутивната седница на Собранието.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.