Претседателот на Собранието Талат Џафери побара од членовите на Државната комисија за спречување корупција до утре да се извинат за изнесените наводи дека апанажата на пратениците изнесува 100.000 денари.

Тој вели дека членовите на Антикорупциската комисија се избираат од Собранието и тоа му дава право да бара одговорност од нив, јавува Телма.

Катица Николовска член на Антикорупциската комисија денеска рече дека од вкупниот број од 107 лица кои користеле апанажа 29 доаѓаат од Влада, а 78 од Собрание. Од 107 лица кои се предмет на анализата 89 лица по престанокот на користењето на апанажата повторно се вработиле и тоа 46 во државни институиции, а 43 во приватниот сектор. Додека 18 лица по престанокот на апанажата не се вработиле.

Седум од пратениците се вратиле на работните места каде работеле пред изборот на пратеници, но дури откако го искористиле 12-месечното право на апанажа. При тоа износот на апанажата за лицата кои биле на именувани функции во Влада изнесува околу 71.000 денари, а на оние кои им завршил пратеничкиот мандат износот е околу 100.000 денари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.