Поранешниот член на групата „Нокаут“ и нов заменик-министер за економија Кирил Колемишевски, воскресна во политиката преку шарените трибини пред Владата за време на Шарената револуција. На една таква трибина адвокатот Колемишевски објаснува дена странските инвестиции не значат ништо за државата освен што „носат вработувања“(?!)
Уште еден надмен богаташ во дружината…
Акцентот на оваа влада е насочен кон странските инвестиции во слободните економиски зони, кои освен вработувања за некоја си минимална плата, за оваа држава не носат ништо. Тоа е странски капитал којшто секогаш го бара полесниот пат и доколку најде адекватен услов, ќе остане во некоја држава, доколку тој услов се смени, одма ќе побараат друга држава.
Новиот заменик министер за економија, Кирил Колемишевски на трибина на шарената револуција вика дека странските инвестиции за државата не носат АПСОЛУТНО НИШТО.
Денес Заев и останатите од владата истите си ги препишуваат како нивни странски инвестиции. pic.twitter.com/EKUx5XAJkM— Мартиан (@MartianFromMKD) August 22, 2019
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.