Поранешниот заменик министер за образование и член на СДСМ, професорот Петар Атанасов, денеска имал средба со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.
За средбата јавува „24 Инфо“ од каде објавија и фотографија од средбата на Атанасов и Димитриевски.
Како што пишува порталот, останува отворено прашањето за што разговарале и која била темата на разговор помеѓу овие двајца.
Атанасов во 2019 година си поднесе оставка од сите функции во Владата, додека, пак, Димитриевски најави дека очекува да добие подршка од партијата за да се кандидира за втор градоначалнички мандат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.