„Автобусот е во таква состојба што не може да се утврдат податоци од техничкиот уред кој го снима движењето на автобусот – тахографот. Се изгорело“ – изјави за БНР извршниот директор на Извршната агенција, Бојко Рановски.
Тој посочи дека според информациите на ДАИ од граничниот премин „Капитан Андреево“ до местото на инцидентот не се регистрирани прекршувања на сообраќајните правила.
Рановски рече дека според податоците од камерите на граничните пунктови и Агенцијата за патишта, истражните органи можат да извлечат информации кои се неопходни за утврдување на причините за инцидентот на патот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.