Мендух Тачи на ТВ21 во емисијата „Клик Плус“ ја коментираше идејата на премиерот Зоран Заев за широка коалиција. Тачи рече дека идејата е интересна, а се осврна и на ситуацијата со пандемијата со коронавирусот, за која даде коментар дека е „страшна“.

Широката коалиција е интересна идеја, и мислам дека не сме далеку од таквото политичко размислување. Многу работи ни зависат од пандемијата. Според мене како лекар, ситуацијата е страшна со вирусот во Македонија. И ќе биде уште пострашна. Ако економски дојдеме во тешка ситуација, тогаш таква Влада би помагала да издржиме многу полесно тешките ситуации“, рече Тачи.

Тој смета дека широка коалиција полесно би го решила прашањето со Бугарија, што би значело отворање на преговорите со ЕУ.

Ако бидеме заедно, полесно ќе ја издејствуваме ситуацијата со Бугарија и добивање на датум за членство во ЕУ, додаде лидерот на ДПА.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.