Мислам дека неодговорноста на Бујар Османи и на поранешната и сегашната Исламска верска заедница кои направија огромен притисок за да се отворат џамиите за Бајрам, се главните виновници за оваа ситуацијата, изјави претседателот на Демократската партија на Албанците Мандух Тачи на денешната прес-конеренција.

Според Тачи, не може да се прифатат квалификациите оти Албанците се познати во Македонија кои не ги почитуваат правилата на институциите во врска со пандемијата затоа што имаме статистика и конкретни цифри кои укажуваат дека Албанците со заедно со другите граѓани 90 дена се борат успешно со пандемијата.

Тие што сакаат да печалат политички поени, а и сегашната Исламска верска заедница материјални добивки, за тоа што правеа огромен притисок треба да се чувствуваат сега одговорни. Тие се единствените одговорни за оваа ситуација, рече Мендух Тачи.

Апелираше и понатаму да се почитуваат правилата за спречување на ширење на коронавирусот.

Иако правила кои се такви не се баш добро прифатливи и знаеме дека е тешко да се останува дома повеќе од 48 часа, но нема друг начин. Се надевам дека следната недела ќе излеземе од оваа ситуација и тогаш ќе објавиме новиот економски проект на ДПА за време на пандемијата и по пандемијата, рече Тачи.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.