Централно претседателство на Демократската партија на Албанците (ДПА) на денешната седница што се одржа во Тетово одлучи дека самостојно ќе настапи на претстојните предвремени парламентарни избори.
На седницата претседателот на партијата реферираше за состојбите, се започна дебата по што се донесе одлука ДПА сама да излезе на претстојните парламентарни избори. Ја користиме оваа прилика да ги повикаме сите Албанци да ја поддржат и гласаат ДПА како единствена национална партија на Албанците, изјави партискиот портпарол Луан Треси.
Иако имаше најави за можно партнерство со СДСМ, а потоа и со НДП на Весел Мемеди, на неколку дена пред официјализирањето на кандидатските листи за пратеници, од партијата на Мендух Тачи соопштија дека нема договор за заеднички настап со друга партија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.